Македонија
2. јуни 2016 - 15:27

ОЈО Струга поднесе обвинение за убиството кај Долна Белица

По спроведена сеопфатна истражна постапка Основното јавно обвинителство - Струга поднесе обвинение против две лица за убиството кај Долна Белица, струшко, кое се случи во декември минатата година.

- Настанот се случи вечерта на 13 декември минатата година на локалниот пат Струга - Долна Белица, кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени. По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение против две лица, соопшти денеска Обвинителството.

Обвинетите Б.Б и Е.Б, како што информираат од Јавното обвинителство, се товарат за сторени кривични дела „убиство“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.