ОЈО со истржна постапка за скопјанец осомничен за илегална трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, откако полициски службеници во неговиот автомобил пронашле 1109,93 грама кокаин.
Како што денеска соопшти Јавното обвинителство, дрогата била пронајдена при претрес на автомобилот на 13 октомври, при што полицијата пронашла и дигитална вага со траги од наркотична дрога.
– Со ова постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, имајќи ги предвид околностите кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз постапката или да го повтори делото.
Ново на Сител
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
-

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови
-

Тошковски: Силни институции значат сигурни граѓани, а полицијата е тивката сила на државата
-

Медведев: Доколку Германија се приближи до поседување нуклеарно оружје - тоа би било повод за војна
