ОЈО Скопје нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 обвинители
Основното јавно обвинителство Скопје како најголемо обвинителтво кое покрива 90 отсто од криминалот во државата, нема Истражен центар, нема истражители, а недостасуваат и 16 јавни обвинители, рече јавниот обвинител Сашо Рајчев на денешната прес-конференција, на која ги презентираше информациите за автобуската несреќа што се случи пред еден месец кај скопското село Ласкарци.
-Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка, работат двајца обвинители. ОЈО Скопје е најголемо обвинителтво и покрива 90 отсто од криминалот во Македонија, но нема истражен центар, нема истражители, а недостасуваат 16 јавни обвинители. По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16 на неопределено, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10, рече Рајчев.
Оваа година, како што посочи тој, ја завршиле со долг од над девет милиони денари за вештачења, преводи …
-Бидејќи се уште немаме Истражен центар и истражители, а претходната постапка за автобуската несреќа кај Ласкарци е многу обемна, со наредба побаравме тројца истражители од МВР и ги добивме. И тие сé уште се тука додека целосно не ја завршиме истрагата. Овие истражители макотрпно работеа, како и јавните обвинители во обезбедување на материјалната документација за двете правни лица, обезбедување вербалните докази, носење сведоци во Обвинителството…, рече Рајчев.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со натписите за говор на омраза поврзани со несреќата кај Ласкарци, јавниот обвинител одговори дека од МВР имаат повеќе известувања кон кои се приложени тие натписи.
-Ние од обвинителски аспект сега проверуваме дали кај тој што ги пишува тие натписи постои умисленост да се разгори омраза и нетрпеливост, затоа што станува збор за многу тешко кривично дело, рече Рајчев.
Во контекст на тоа додаде дека многу често натписите да се пишуваат од профили на социјалните медиуми од лица со лажни профили и голема е процедурата на проверка.
Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс“ со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот. Во несреќата загинаа 15 лица, а 39 беа повредени.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН

