ОЈО: Предложен притвор за две лица од Скопје, купиле и држеле автоматски пиштол
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против маж и жена од Скопје, осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
- На 23 февруари, за сума од 1 500 евра, осомничениот во Прилеп набавил автоматско оружје кое им е забрането на граѓаните – пиштол марка „Шкорпион“ со една рамка без куршуми. Тој и го дал на осомничената која го ставила во својот ранец и со мотор се упатиле кон Скопје. На автопатот Велес-Градско ги застанале полициски службеници и при извршената проверка го откриле и одзеле пиштолот кој граѓаните не можат да го поседуваат со дозвола, се вели во соопштението од ЈОРСМ.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство, да се обидат да влијаат врз вештаците или да го повторат делото.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
