ОЈО поднесе обвинение против 30-годишен скопјанец за неовластено поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за неовластено поседување оружје – пиштол со калибар 7,65 милиметри со отстранет сериски број и рамка со куршуми.
– Обвинетиот на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 мм, со механички отстранет сериски број. При претресот кај него била пронајдена и рамка со седум куршуми за тој пиштол, информираат од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, како и на мерката за привремено одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди присуството на обвинетиот во текот на постапката против него.
Лицето се сомничи за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
