-->
-->
ОЈО побара притвор за дилер кој криел дрога во своето возило
-->

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
ОЈО соопшти дека бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
Како што појаснуваат, осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со бела грутчеста материја. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
