ОЈО отфрли иницијатива на ДКСК поради застареност
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија од ОЈО, посочувајќи дека одлуката е донесена бидејќи настапила застареност на кривичното гонење.
– Пријавата се однесува на објавен оглас за вработување на 30 судски службеници во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, меѓу кои ДКСК утврдила пропусти при вработувањето на едно лице на позицијата помлад судски соработник. Меѓутоа, јавниот обвинител по приемот на иницијативата за кривично гонење на тогашниот претседател на Судот, претседателот на Комисијата за избор и прием на кандидати на огласот и на судскиот администратор, оцени дека постојат околности што го исклучуваат кривичното гонење – застареност, информираа од Обвинителството.
Од ОЈО наведоа дека, постапката за вработување целосно е завршена во мај 2015 година.
– За кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик, законодавецот предвидел казна затвор од шест месеци до три години, а согласно чл.107 ст.1 т.5 од Кривичниот законик, кривичното гонење не може да се преземе ако поминат три години од извршувањето на кривичното дело за кое според законот може да се изрече затворска казна над една година. Со оглед на ова, застареноста на кривичното гонење во предметот настапила најдоцна во мај 2018 година, додека иницијативата за кривично гонење од страна на Државната комисија за спречување корупција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје во јуни 2019 година, прецизираа од ОЈО.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола а три изгаснати
-

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август
-

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас
-

Поскапуваат горивата
-

Борците против улица за Фадил Сулејмани: „Ги сметаше Македонците за Бугари“
-

АХВ со мерки против сипаници кај овци и кози: Сточарите предупредени да не вакцинираат самостојно
-

Во Штип одбележани 34 години од формирањето на Армијата: „Гордост е да се биде нејзин припадник“
-

Клековски: Досега 35 потврдени случаи на западно-нилска треска, три суспектни и три смртни случаи, 15 лица се излекувани

