ОЈО: Објавувањето на документи од истрагата за „Рекет“ е кривично дело но и мотив за случајот да добие завршница
Објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, најостро осудувајќи го ваквиот настан.
-Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката, посочуваат од ОЈО.
Од Обвинителството нагласуваат дека ќе преземат дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.
-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата, се наведува во нивното соопштение.
Утринава на интернет се појави документ со исказот на бизнисментот Јордан Камчев кој го дал во Обвинителството за тоа како бил уценуван од Бојан Јовановски од септември 2018 до април 2019 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Нема да мрднам ниту милиметар додека не видам македонци во бугарскиот Комитет за малцинства
-
Повредените пациенти стравуваат дека ќе останат без д-р Кате, надлежните со итна реакција
-
Андоновски и Перински во работна посета на Естонија
-
Оперативниот план за Владата е визија за подобар живот на 16.000 граѓани, а за СДСМ параван за партиски вработувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра