ОЈО: Истрага за пронајден метадон и ампули диазепам
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, на 25 март, во својот дом на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба неовластено заради продажба држел 97 шишенца метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл.
Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 47-годишник.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава