Македонија
22. November 2018 - 16:11

ОЈО и МВР се уште истражуваат како побегнал, САД бара на Груевски да му се суди во Македонија

Внатрешната контрола на МВР и Јавното обвинителството се уште утврдуваат како екс премиерот Груевски побегна во Унгарија. По цели 10 дена, министерот за внатрешни вели дека истрагата треба да покаже каде потфрли безбедносниот системот, бидејќи сите гранични премини биле информирани дека Груевски не може да ја напушти државата со лична карта.

Управата за јавни приходи е без конкретен одговор дали и како Груевски ги испразнил банкарските сметки пред да замине за Унгарија. Лукаревска вели тоа е даночна тајна.

Откако вчера унгарските власти ја исклучија можноста за екстрадиција на Груевски, со став се јави и Стејт департментот. Унгарските медиуми го пренесуваат нивниот став дека поранешниот премиер треба да му се суди во Македонија. 

Против Груевски се водат уште 4 судски постапки. Веруваме дека судските постапки во Македонија треба да продолжат и Груевски да одговара во рамки на македонскиот правен систем, се вели во реакцијата на Стејт депарментот.