ОЈО бара истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“.
Како што информира Јавното обвинителство, на 20 септември годинава, осомничениот влегол во спортска обложувалница на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од него да му ги даде парите. Оштетениот, исплашен за својот живот, се упатил кон касата и ја отворил, па на осомничениот му предал 15.000 денари. Откако ги одзел парите, осомничениот избегал.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека се исполнети условите наведени во законот.
-Осомничениот 27-годишник е повеќекратен повратник на истородно кривично дело, а казната по претходната осуда ја издржал во август. Освен ова, тој непосредно по настанот бил во бегство и по него била распишана централна потерница, што укажува на опасноста тој повторно да се даде во бегство. Јавниот обвинител ценеше дека постојат и особени околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека би можел да го повтори делото, соопшти ОЈО Скопје
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп