-->
-->
ОИ Рио: Франција со многу мака го совлада Тунис
-->

Бранителот на олимпиското злато од Лондон, селекцијата на Франција со многу мака стигна до првата победа на ОИ во Рио, на машиот ракометен турнир.
„Триколорите“ во меч од 1.коло на групата А ја совладаа селекцијата на Тунис со 25-23. Најефикасен во редовите на Франција со шест постигнати гола беше Кентин Махе додека Никола Карабатиќ и Валентин Порте постигнаа по четири гола.
Во останатите два меча од оваа група, Данса очекувано ја победи Аргентина со 25-19, додека актуелниот светски вицепрвак Катар убедливо со 30-23 ја победи Хрватска.
Во групата Б, европскиот шампион Германија ја совлада Шведска со 32-29, неочекувано домаќинот Бразил беше подобар од Полска со 34-32, а Словенија минимално со 27-26 се радуваше на триумф во дуелот со Египет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
