Македонија
18. May 2018 - 15:11

Охриѓанец уценуван со недолични фотографии од неговите ќерки

Во Полициската станица Охрид, вчера во 01:30 часот лицето С.Д. од Охрид пријавил кривично дело „уцена“ по член 259 став1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, вчера на полноќ телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде  5.000 евра или во спротивно ќе објавел недолични работи за неговите ќерки, по што пријавителот му исклучил.

Според пријавата, по половина час, пријавителот добил неколку смс пораки со заканувачка содржина  и фотографии, по што лицето С.И. повторно го контактирал пријавителот телефонски. За настанот е известен јавен обвинител.

Ново на Сител