Охриѓанец осомничен за присвојување 1,1 милион денари црковни пари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”.
Според полицијата, Г.П., го сторил делото во периодот од мај 2015 година до јуни минатата година, во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Парите кои му биле доверени од донации на верници, од сеча на шумски дрвја и по други основи што требало наменски да ги троши за потребите на црквата, противправно ги присвоил и ги ставал на три сопствени жиро сметки, една денарска и две девизни.
- На 21 јули минатата година кога му престанале обврските како потпретседател, парите кои преостанале како салдо на сметките за кои немал покритие во износ од 1.133.512 денари одбил да ги предаде на црковниот одбор, соопшти Министерството за внатрешни работи во редовниот Билтен.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка