Охриѓанец неколку пати пријавуван за семејно насилство, го добил старателството врз синот
Иако неколку пати бил пријавуван во полиција дека вршел семејно насилство врз сопругата, а граѓанскиот суд во Скопје му изрекол и мерка за забрана на вршење на семејно насилство, сепак судот во Охрид минатиот месец му го доделил старателството врз тригодишното дете. Судијата во Охрид не ги земал предвид доказите од мајката, одлуката од судот во Скопје, ниту пак мислењето од Центарот за социјални работи.
Овој случај ги крена институциите на нозе, а според Хелсиншкиот комитет постојат индиции и на корупција.
Адвокатот на мајката Владимир Туфегџиќ ќе бара од Судскиот совет да утврдат одговорност за охридскиот судија.
Ако во 2019 година само 3% од сторителите на семејно насилство завршиле во затвор, до 2022 година бројката поразувачки опаднала на само 1%.
Додека семејното насилство е во подем, сторителите се помалку се казнуваат, па ревизорскиот извештај покажува дека довербата во судството значително опаднала. Ако во 2020 година таа била 48%, минатата година се намалила на 24%.
Додека довербата во судството опаѓа, расте бројот на пријавени случаи за семејно насилство. Од 2018 до 2022 година, тој се зголемил за алармантни 61%, покажува последниот ревизорски извештај.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар