Охриѓанец измамен за 1000 евра, еве на која финта наседнал
Две лица засега непознати за полицијата вчера извршиле кривично дело „измама“ во Охрид. Двете лица на возраст од педесетина години вчера околу 10:30 часот на улицата „7 Ноември“ пресретнале жител на Охрид и од кој успеале да одземат илјада евра.
Според соопштението од СВР Охрид, откако започнал разговор со оштетениот едното од двете лица му рекол дека другиот човек е државјанин на Израел кој имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати оштета. Притоа тој од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне на странецот и да му даде пари за плаќање на оштетата, нудејќи му во залог рачен часовник за кој рекол дека е со вредност од четири илјади евра.
Верувајќи во кажаното и со желба да му се помогне на странецот, охриѓанецот му дал илјада евра со очекување дека откако ќе ја платат оштетата, двајцата ќе се вратат и ќе му го вратат заемот.
По примената пријава од оштетениот, СВР - Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Притоа до граѓаните на Охрид се апелира да внимаваат во разговори со непознати, да не наседнуваат на вакви изговори и евентуалните слични настани веднаш да ги пријават во полициска станица или на полицискиот број 192.
Ново на Сител
-
Маж пронајден починат во водите на Пчиња кај Катланово
-
Нови одрони заглавија возило на регионалниот пат М.Каменица – Кочани
-
Рокот за поднесување на ДДВ 04 продолжен до 29 јануари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Драган Николиќ како државен секретар е еден од главните виновници зошто сеуште немаме воен претставник во НАТО
-
Кривична пријава за дебранец кој узурпирал државно земјиште
-
Пошта иницира регионална соработка и поголема ЕУ-поддршка за модернизација и поквалитетни услуги за граѓаните
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 310 пациенти, слободни кревети има
-
11 починати и 347 нови случаи на Ковид-19 во земјава