Македонија
2. August 2015 - 19:52

Охридско лето реализираше уште еден концерт за паметење

Синоќа во импозантниот Антички театар повеќе илјадната фестивалска публика имаше единствено и незаборавно музичко доживување со концертот на Маестралниот Стефан Миленковиќ, и виртуозот на хармоника Марко Хатлак со нивниот најнов проект Танго Компас.

И покрај дождот кој непосредно пред концертот не изненади, страсната публика со нетрпение го очекуваше почетокот на овој долго очекуван концерт.

Прекрасната музика, врвните изведби и импровизации, исполнети со многу емоција, страст, многу енергија, но и музичка елеганција, ја воодушевија многубројната публика која со бурни аплаузи, овации, ги награди уметниците, кои возвратија со неколку бисови.

Задоволството кулминираше кога Стефан ја замени виолината со неговата партнерка и го потврди своето танцувачко мајсторство.

Според изјавите и реакциите на публиката, тоа беше вечер за паметење исполнета со романтична и страсна музика, танц, доживување кое ги надмина сите емоции.