„Охридско лето“: Хворостовски ќе остане меѓу најголемите ѕвезди во историјата на фестивалот
Фестивалот „Охридско лето“ жали за големата загуба, смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски. Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на „Охридското лето“ во 2013 година одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар, соопшти Дирекцијата на фестивалот по веста дека рускиот баритон починал синоќа на 55 години по тешко боледување во својот дом во Лондон.
Од Дирекцијата наведуваат дека Хворостовски одушевил со неговата скромност и харизма и дека ќе остане запишан во фестивалската историја како еден од најголемите ѕвезди кои настапиле на „Охридско лето“.
Ја пренесува и неговата изјава по концертот во Охрид каде пристигна заедно со синот Максим: „Македонската публика е многу топла и пријателска. Бев многу среќен што пеев на оваа сцена, возбуден од целата убавина што ме опкружува. Сигурно пак ќе дојдам со моето семејство“.
Две години по настапот во Охрид му беше дијагностициран тумор на мозок. Легендарниот пејач се врати на сцена кратко по првата сесија со терапија во септември 2015 година. Заедно со рускиот сопран Ана Нетребко го изведе „Трубадур“ од Верди во Метрополитен операта во Њујорк.
Хворостовски е еден од најпопуларните оперски ѕвезди, кој настапувал на најголемите светски сцени и со најпознатите солисти и диригенти.
Роден е во Краснојарск, Сибир, на 16 октомври 1962 година. Во 1989 година ја освоил престижната награда „Кардиф“ на светски натпревар.
- Од почетокот на неговата кариера, публиката беше одушевена од неговиот култивиран глас, природното легато. По оперското деби на Запад, во операта во Ница со „Пикова дама“ на Чајковски, неговата кариера доживеа врв во најголемите оперски куќи и фестивали, меѓу кои Ројал опера хаус, Ковент гарден, Метрополитен, Париската опера, Миланска Скала. Станал првиот оперски пејач што настапил соло со оркестар и хор на Црвениот плоштад во Москва, концерт пренесуван во повеќе од 25 држави, соопшти „Охридско лето“.
Ново на Сител
-
На владина седница извештајот за бојкотот на маркетите, можни мерки за цените
-
Без струја делови од Аеродром, Сарај и Чаир
-
Рестрикции на струја во Украина поради големи руски напади врз енергетскиот систем
-
Пентагон им забрани на трансродовите лица да се приклучат на војската
-
Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“
-
Утрото студено, преку денот променливо облачно
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи