-->
-->
Охрид: Син нападна татко, а со нож им се заканувал и на бабата и дедото
-->

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување на сигурноста при семејно насилство”.
На 31 јануари годинава во Охрид на улица “Париска Комуна” пријавениот, во неговиот дом, по вербална расправија, физички го нападнал неговиот татко П.К. (53), при што го скршил стаклото од влезната врата и му нанел расекотини на П.К., а потоа со нож им се заканувал на неговите баба и дедо.
По интервенција на полициски службеници, пријавениот бил лишен од слобода, додека неговиот татко со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Амандманска расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба
-

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени
-

Нема решение за 50-те лица кои останаа без договори за работа на Детска клиника
-

Партиите со меѓусебни обвинувања – Кој ги брка младите од државата?
-

Сиљановска: Без финансии нема независно судство
-

Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе почне на 19. септември
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски учествува на годишниот состанок на УО Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ
