Охрид се соочува со недостиг на паркинг во центарот на градот
Охрид сеуште се соочува со недостиг од паркинг места. Најкритично е за време на празниците и во летната сезона кога има двојно или тројно повеќе возила.Гужви се создаваат во централното градско подрачје и стариот дел на градот каде поголемиот дел своите станови и куќи ги имаат адаптирано како апартмани и ги издаваат .
Со изградбата на катна гаража ќе се решат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж, а ќе има придонес и во туристичката понуда на градот сметаат добрите познавачи . Но, паралелно со неа треба да бидат донесени соодветни одлуки за посебен режим на сообраќај во старото градско јадро и да се води сметка за статичкиот сообраќај.
Во текот на зимскиот период во градот има 600 додека во лето 900 паркинг места .Со години се најавува изградба на катна гаража за решавање на проблемот со паркингот во Охрид но од сето тоа сеуште ништо . Беа одредени повеќе локации, првата катна гаража за која беа завршени сите технички процедури и се очекуваше да биде изградена е во Градскиот пазар.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар