-->
-->
Охрид релативно исполнет со туристи, но плажите празни
-->

Студеното време што го зафати регионот во текот на втората половина на минатиот и првата декада на овој месец во значајна мера влијаеја врз посетеноста на градот. Охрид не е празен, напротив, исполнет е со гости, но претежно со оние кои организирано летуваат тука преку аранжманите на неколкуте тур-оператори кои веќе редовно носат туристи од Холандија, Полска, Турција, Израел, Естонија, а бројни се и туристите кои доаѓаат на Охридското Езеро преку кружните тури што се реализират со соседните држави.
Сепак, значајно е помал бројот на викенд-гости во Охрид од земјата, како и туристите од најблиското соседство, односно земјите од регионот кои по правило се најбројни, но чија бројност во најголема мера се врзува со топлото време и кои најмногу се решаваат да го посетат градот и Езерото во денови кога температурите се навистина високи.
Плажите на охридската ривиера се речиси празни, сето последица на ниските температури, повремените врнежи од дожд и навистина студената вода на Езерото која моментално изнесува 21 степен Целзиусов и е под просекот за овој временски период.
Сигурно е дека дополнителен број гости се очекува да пристигнат за манифестацијата „Бела ноќ“ на 14-ти овој месец со која и официјално ќе биде означен почетокот на главната летна туристичка сезона, како и за отворањето на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата - Фестивалот „Охридско лето“.
Сепак за вистинскиот шпиц на сезоната ќе се чека на подобрување на временските прилики кои досега не одат во прилог на очекувањата за рекордна посетеност на градот и крајбрежјето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
-
Полицијата викендов во контроли на угостителски објекти во Куманово, констатирани прекршоци
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни се рестрикции и намален притисок
-
Струшките плажи и годинава без спасители на вода
-
За шест часа казнети 600 возачи
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари
-
Николоски: Започна да се користи новиот автопат од Врбјани до Ботун, следуваат нови прокети
-
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари