Македонија
1. December 2022 - 12:24

Охрид прв град во Македонија кој воведе хуманитарни паркинзи

Охрид е првиот град во државава кој воведе хуманитарни паркинзи. Станува збор за места кои се посебно одбележани цената е иста како и останатите само што наплатата оди во хуманитарни цели. Директорот на ЈП „Билјанини Извори“. Андоноски апелира на поголема хуманост бидејќи од страна на граѓаните овие паркинг простори се користат но не премногу.

Од поставување на 20 јули па заклучно со месец октомври од наплатата на овие паркинзи собрани се 800 евра кои во консултации со охрискиот градоначалник во наредниот период ќе бидат донирани онаму каде што ќе биде најпотребно.

Инаку покрај на кејот на Охридското Езеро предвидено е да се воведат уште хуманитарни паркинзи на повеќе локации низ градот.