Македонија
22. November 2020 - 16:33

Охрид преполн со диви депонии

Охрид градот под заштита на УНЕСКО преплавен со диви депонии. Градежен шут, хартија, пластика е само дел од отпадот кој несовесните граѓани го фрлаат каде ќе стигнат, а инспекторите пишуваат пријави против непознати сторители тие во најголем број од случаите не можат да ги откријат бидејќи истите најчесто отпадот го оставаат во ноќните часови. Деновиве за прв пат беше казнето едно лице од Скопје кое беше фотографирано од случаен минувач како се ослободува од домашниот отпад од својата викендичка кај Галичица. Од ЈП Охридски Комуналец најавија дека преку поставување на видео надзор на повеќе локации ќе се откриваат несовесните граѓани кои создаваат мини депонии.

Од здружението Еко Фап волонтери кои самоиницијативно се борат со дивите депонии велат дека клучна е еколошката свест за животната средина кај граѓаните.

За жал информативните табли остануваат невидливи за прекршителите на законот за јавна чистота. Екологистите велат дека неколку пати се случува да се исчистат дивите депонии, но истите повторно никнуваат и сметаат дека треба да се преземат порадикални мерки кон сторителите.