Охрид празнува 74 години од ослободувањето
Охрид со низа манифестации и свечености денеска ја одбележува 74-годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација во Втората светска војна.
Празнувањата почнаа вчеравечер со концерт на учениците на Основното музичко училиште „Методи Патче“.
За денеска се предвидени повеќе активности, што ќе почнат во 11 часот во Спомен-паркот на револуцијата и во Градскиот парк каде ќе бидат положени 74 рози за исто толку години слободен Охрид. Цвеќе ќе биде положено и на спомен–обележјата од НОБ на Градските гробишта, кај Основен суд, во дворот на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”, а панихида и полагање свежо цвеќе ќе има и на кај паметникот на народниот херој Јасна Ристеска во село Рамне.
Централниот настан во рамки на свеченостите е предвиден за напладне на Малиот плоштад кај поранешната градска библиотека, кад свои обраќања по повод празникот ќе имаат градоначалникот Јован Стојаноски, претставник на Општинската организација на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, а најавена е и културно – уметничка програма.
Празнувањата ќе бидат заокружени со свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор