Македонија
28. April 2023 - 12:22

Охрид полн за првомајските празници

Првомајскиот продолжен викенд ќе го наполни Охрид.Туристичките работници велат дека хотелите и приватното сместување ќе биде исполнето до последното место.Најбројни ќе бидат групите од нашето соседство а гоелм е интересот и за оние од подалечните земји.

Без оглед на енергетската и економската криза сепак според хотелиерите Охрид и натаму е најефтина дестинација на Балканот.

Продолжените викенди овој период донесоа голем број на гости туристичките работници се надеваат на плодна сезона .Покрај традиционалните од Холандија, Полска, Англија, Шведска и балканските тури од Блискиот исток, ова лето на брегот на Охридското Езеро се очекуваат гости од Англија, Италија и САД.