Охрид полн за продолжениот викенд – гужви кои го зголемуваат ризикот од ширење на вирусот
Главниот туристички центар преполн со гости.Гужви има низа чаршијата ,кејот ,угостителските објекти а топлото време и продолжениот викенд ги наполнија и плажите во Охрид.Колони возила од раните утрински часови се движат за да стасаат и да фатат место на своето омилено капалиште покрај Охридското езеро.
Спасителите на вода патролираат долж езерото за само два дена имале 4 посериозни интервеници и 18 укажувања на прва помош,од Црвениот крст апелираат до сите оние кои ги користат плажите да бидат крајно внимателни и одговорни.
Градоначалникот Георгиески пак најавија дека поради зголемниот број на туристи воведено е 24 часовно дежурство за чистење и подигање на отпад на најфреквентните места во градот ,чаршијата и на оние локации каде се одржуваат концертите.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар