Македонија
29. December 2023 - 12:22

Охрид полн за Нова година

Голем број гости пристигнаа во Охрид за новогодишните празници.Тие уживаат во прошетките покрај езерото и посета на културно историските споменици.Хотелските и приватните капацитети се речиси целосно исполнети, а туристичките работници задоволни од посетата.

Повеќето охриѓани пак оваа Нова година ќе ја дочекаат дома само мал број се одлучиле да патуваат надвор од нашата земја.

Најбарани се тридневните аранжмани од страна на гостите од нашето соседство ,но не изостануваат ни домашните ни оние од подалечните земји.

Покрај дочекот во кафулињата, рестораните и хотелите, организиран дочек  на Новата Година ќе има и на градскиот плоштад .