Охрид полн со туристи за празничниот викенд

Продолжениот празничен викенд, летните горештини го наполнија Охрид и ривиерата со гости. Веќе традиција стана Охрид шпицот на туристичката сезона да го достигнува токму за празникот Илинден, така што градот и туристичките населби повторно наликуваат на најдобрите времиња кога во градот се бараше легло повеќе.
Плажите на езерото вријат со туристи, чаршијата во градот е тесна да ги прими сите посетители, а слично е и во Стариот дел на Охрид каде има голем број туристи кои групно или индивидуално ги посетуваат културно-историските споменици.
Зголемената фраквенција на возила во овој временски период направи метеж во сообраќајот, тесните градски и приградски улици и патишта тешко го примаат тој огромен наплив на возила така што кон и од плажите се вози бавно и во колони. Во текот на вчерашниот ден до Охрид од поодалачените места на крајбрежјето патувањето во поладневните часови траеше и повеќе од два часа.
Иако политичките случувања во земјата на почетокот на сезоната предизивика стравувања кај угостителите и хотелиерите во Охрид за тоа колку истата ќе биде успешна со оглед на почетните откажувања на одреден број аранжмани, сепак од Локалната самоурава со очекувања за успешна сезона.
Градоначалникот Никола Бакрачески дури и со најави дека оваа ќе биде една, ако не и најуспешна последниве години.
- Можам да кажам дека Охрид веројатно ја доживува најуспешната летна сезона споредено со минатите десеттина години и овој тренд сметам ќе биде во нагорна линија, бројот на гости ќе расте, што е и прогноза на нашите стручни служби и тур операторите. Посебно радува што времето, за разлика од минатите години, е одлично и тоа е еден од факторите што овозможи да имаме една од најуспешните сезони. Во моментов доминира бројот на странски гости од Турција, Белгија, Холандија, Србија, Бугарија, Полска и од други држави, а викендов има голем број и домашни гости, изјави тој.
Бројот на гости се очекува да се зголемува и во наредниот период, кога со бројни манифестации ќе биде дополнително збогатена туристичката понуда во градот. аб/хс/10:27
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
