Македонија
21. April 2023 - 16:31

Охрид полн со туристи

Охрид останува атрактивна дестинација за туристите. Продолжениот викенд донесе гости од нашето соседство, тука се и домашните, но се побројни се и странските посетители.

Старото градско јадро, Охридското Езеро, спомениците и архитектурата е она што е најбарано да се види, а според туристичките водичи се нудат понуди за сечиј вкус. Понудите во градот се различни во зависност од туристите.

Охрид во секој период од годината е привлечен, но според најавите на туристичките работници за првомајските празници во градот ќе се бара место повеќе.

Од почетокот на мај од кога и официјално започнува летната сезона стартуваат и чартер летовите од Холандија , Полска, Турција и Србија. Балканските тури кои се нудат на светскиот туристички пазар и оваа година се актуелни за туристите.

Туристичките работници сметаат дека бројните промоции на градот и воведувањето на новите авио линии на аеродромот „Свети Апсотол Павле“ значително го зголемија бројот на туристите долж охридското крајбрежје.

Со оглед на тоа дека велигденските и првомајските празници се репер за тоа каква летна сезона ни претстои Охрид очекува наплив на туристи ова лето од речиси сите краеви ширум светот.