Охрид победи: Сара се врати од лекување во Германија, состојбата и се подобрува
Сара Настеска, девојчето од Охрид за кои се крена цела Македонија на нозе да и се помогне за лекување во странство, од утрово е во својот град.
Според зборовите на нејзините родители, третманот поминал во најдобар ред, а следат само уште неколку контроли, но состојбата се нормализира.
Со овие неколку зборови сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму вие ни ја дадовте.
Сара синоќа пристигна во Македонија, а од утрово е веќе во својот дом во Охрид. Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас.
Сега ние знаеме колку големо срце имаат охриѓани, но и сите граѓани од целата држава, од целиот свет, кои ни помогнаа кога ни беше најтешко. Секој збор е премал, што и да кажеме е недоволно за да ја изразиме нашата благодарност. Единствено што можеме е да помагаме и ние натаму, колку што можеме, онаму каде што е најпотребно. Токму тоа и ќе биде нашата мисија и преку секоја спасена детска насмевка ќе кажеме по едно благодариме за се што вие направивте за нас.
Од срце ви благодариме за секој денар, за секоја насмевка, секој збор за поддршка, секоја прегратка за да ја поделиме болката заедно“, вели нејзиното семејство Настески.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
