Македонија
6. February 2022 - 16:37

Охрид нема да биде единствениот град кој нема педијатар

Немањето државна стратегија кои кадри недостасуваат и во која област мора да се специјализира доведува до ситуација дефицитот на кадри допрва да се види. Во другите држави не ги прашуваат лекарите што сакаат туку се специјализира за она што има дефицит појаснуваат докторите специјалисти од Детската клиника. Речиси и да не постои болница во земјава која не се соочува со недостиг на медицински персонал.

Педијатријата како медицинска гранка e во изумирање . Докторите посочуваат дека за неколку години ќе се почуствува дефицитот од овој кадар во земјава со оглед на тоа што има голем процент кои ќе заминат во пензија, па ќе останат цели клиники на еден два лекари

Веќе неколку месеци во детското одделение во Охрид се вршат само амбулантски прегледи па пациентите за лекување одат во Струга .Иако имаше најава дека двајца педијатри од скопската детска клиника дека ќе го надополнат недостатокот од сето тоа сеуште ништо.