Охрид и општини од Србија ќе реализираат проекти преку ЕУ фондовите за прекугранична соработка
![]()
Општина Охрид е подготвена да соработува со општини од Јабланичкиот и Пчињскиот регион во Србија во проекти од заеднички интерес што би се реализирале со средства обезбедени преку програмите на ЕУ за прекугранична соработка.
Тоа беше истакнато на денешната средба на охридскиот градоначалник Константин Георгиески и претставници на Секторот за туризам и локален економски развој со нивните колеги од општините на Јабланичкиот и Пчињскиот регион.
На средбата биле разгледувани можностите за препознавање заеднички интереси и можностите за заеднички апликации пред европските програми.
При тоа било истакнато дека Општина Охрид е подготвена за заедничка соработка доколку се изнајдат соодветни форми пред се во делот на туризмот, како и во реализација на проекти од областа на инфраструктурата и заштита на животната средина.
Градоначалникот Георгиески бил информиран и за проектот „Партнерство и градење капацитети, пат до одржлив развој“ што има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и македонските општини и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена и поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија).
Ново на Сител
-

Приведени четири лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Бојан Илиевски е победник на големото музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“
-

Приведени уште четири лица осомничени за проневерата во ФФМ
-

Пезешкијан: Писмено ќе потврдиме дека нема да правиме атомска бомба, но не се откажуваме од збогатување ураниум
-

15-годишно девојче пробало да се самоубие бидејќи не можело да ги издржи заканите и агресивното однесување од таткото
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
