Македонија
6. December 2023 - 12:20

Охрид и натаму нема дневен центар за лица со посебни потреби

На Охрид му е неопходен  Дневен центар за лицата со посебни потреби.Место каде ќе се згрижат  овие деца , каде достоинствено ќе го поминуваат денот,и  ќе добиваат терапии кои им се неопходни за нивниот развој. Но и подигнување на јавната свест на едно повисоко ниво вклучување во сите аспекти од општественото живеење.

Центарот ќе им овозможи на децата  да се социјализираат, да добијат нега и да си ја подобрат психофизичката состојба.

За проектот за Дневен Центар за лица со посебни потреби  за кој е добиен  грант од Светска банка сите активности треба да бидат завршени до јуни 2024 година, но доколку навреме не помине на Влада, средствата нема да може да се искористат.