Македонија
1. January 2024 - 16:58

Охрид ги оправда очекувањата за Нова година

Голем огномет го осветли небото над Охридското езеро за новогодишната ноќ. Огромен број на охриѓани и гости од сите краеви на градскиот плоштад во Охрид ја дочекаа Новата 2024 година. Атмосферата ја загреаја диџеите Јана Слеј и Багзи, Татјана Стефановска, по што следеше настапот на Нино Величковски и групата „Фортуна“ и ДНК.

Градоначалникот Пецаков на охриѓани и бројните туристи им посака многу среќа, љубов и здравје и најави дека во Новата година очекува промена на функционирање на системот.

Инаку, новогодишната ноќ во Охрид помина без инциденти и сообраќајни незгоди, приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир во и надвор од угостителски објект, додека Брзата помош имала полни раце работа, и тоа најчесто со алкохолизирани лица, но и вирози.