Македонија
15. July 2017 - 18:25

Охрид: Еден давеник и тројца починати туристи од почетокот на сезоната

Со стартот на летната сезона во Охрид спасителите на вода со полни раце работа.

370 интервенции на укажување на прва помош ,7 извлекувања на давеници од езерските води и еден давеник кај Струга ,три лица починаа на плажа а двајца туристи во прошетка .

 Најголемиот број на несреќи на вода се предизвикани од човечкото однесување. Причините начесто се недоволно познавање на пливање, ризично однесување на капачите, злоупотреба на алкохол и опојни средства, разлика на температурата на телото и водата, повреда при влегување во вода, нагло настапување на болест во вода, истоштеност и многу често паника.

70 проценти од концесионерите на плажите имаат безбедни капалишта додека 30 проценти од нив секоја година неодговорно се однесуваат одбегнувајќи ја законската обрска.Плажите во летната сезона треба да имаат соодветно обележана водена површина , пунктови ,набљудувачница и спасители за туристите да се чуствуваат безбедно .

Со оглед на неколкуте трагични настани кои што се случија во водите на Охридското езеро ова лето од Црвен крст апелираат  на одговорно однесување во вода и користење на оние капалишта кои што имаат ангажрано спасители.