-->
-->
Охрид домаќин на Пелистер
-->
Ракометните екипи во три дена ќе го одиграат последното коло од плеј офот. Вечерва од 19 часот во Охрид истоимената екипа е домаќин на битолски Пелистер. Домашниот тим посакува со триумф во последното коло да ја потврди добрата сезона и воедно да обезбеди пласман во еврокуповите. Битолчани пак посакуваат триумф во овој дуел откако во последното коло го совладаа градскиот ривал Еурофарм Работник.
На првиот натпревар од 10.коло од плеј офот Металург вчера како гостин го совлада Еурофарм Работник со 24:22.
Последниот дуел се игра на 7.јуни во Велес каде Борец е домаќин на Вардар. Овој натпревар е одложен поради настапот на Вардар на „Ф4“ во Келн од Лигата на шампионите.
Табела: Металург 27 бодови, Вардар 24, Еурофарм Работник 12, Охрид 12, Пелистер 9, Борец 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал