Свет
30. December 2020 - 9:12

Охајо: Затвореник избегнал смртна казна, но починал од коронавирус

Затвореник кој ја избегнал смртната казна во 2009-та година, починал најверојатно од компликации предизвикани од коронавирусот.  Се работи за шеесет и четиригодишниот, Ромел Брум, за кого имало сомнеж дека има ковид-19 и бил на затворската корона листа – соопшти портпаролката, Сара Френч, пренесува Гадријан.

Брум бил осуден на смрт поради тоа што ја силувал и убил четиринаесетгодишната, Трејн Мидлтон, додека се враќала дома од спортски настан.

Според властите во Охајо,  се претпоставува дека 124 затворени во државата починале од корона.