Балкан
24. јуни 2023 - 13:38

Огромна ајкула забележана во Грција | ВИДЕО

Грк ја забележал најбрзата ајкула на светот на брегот на Закинтос.

„Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“, рекол шокираниот грчки рибар Јанис Геладас откако ја видел огромната ајкула.

Геладас пловел во Јонското Море кога поминал покрај ајкулата за која подоцна се покажало дека е најбрзата ајкула на светот – мако со кратка перка. Овој вид е забележан во Медитеранот по десет години.

Макото со кратки перки може да порасне до четири метри во должина и да тежи околу 570 килограми – а брзината што ја достигнува e и до 100 километри на час.