Огромен број возачи возат без возачки дозволи
Голем број возачи во сообраќајот се вклучуваат без возачка дозвола. Статистиката на СВР Струмица за минатата година покажува зголемување на таквите сообраќајни прекршоци на југоистокот од државата. Дел од возачите кои биле откриени од страна на полицијата возилата ги управувале без да поседуваат возачка дозвола, а еден дел воопшто и немале положен возачки испит. Бројките за минатата 2018 во однос претходната година покажуваат зголемување за околу 230 такви прекршоци.
,,Во текот на 2018 година, на подрачјето на СВР-Струмица евидентирани се вкупно 2.179 прекршока за сообраќаен прекршок –управување возило без возачка дозвола или без положен возачки испит, додека во 2017 година, евидентирани се 1.947 прекршока.,, вели ХРИЗАНТЕМА РЕНДЕВСКА – ПОРТПАРОЛ НА СВР СТРУМИЦА
За констатираните прекршоци од страна на одделението за прекршоци при СВР Струмица, изречени се глоби од 300 евра во денарска противвредност согласно Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од полицијата информираат дека нивните контроли на терен се интензивни во текот и на оваа година и се преземаат како превентивни така и репресивни мерки и доколку се утврди прекршoк возачите ќе бидат санкционирани.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар