Огромен астероид ќе мине блиску до Земјата
Астероид доволно голем да уништи цел град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината.
Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, јавува Би-Би-Си.
Тој денеска ќе помине на оддалеченост од 515.000 километри од Месечината, а неколку часа подоцна ќе помине и покрај Земјата.
Според НАСА, ова е ретка можност за астрономите да го прошират своето знаење за астероидите, што ќе биде корисно во случај во иднина да се открие опасен објект со потенцијал да удри во Земјата.
– Нема шанси овој „убиец на градови“ да удри во Земјата, но фактот што минува толку блиску е одлична можност за набљудување, вели Ричард Моислиз од Европската вселенска агенција.
Додека поминува на растојание од само 68.000 километри, астероидот ќе биде видлив преку двогледи и мали телескопи во целиот свет. Преносот во живо ќе се емитува на страницата „The Virtual Telescope Project.“.
Овој астероид најверојатно ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците велат дека и тогаш нема да претставува закана за нашата планета.
Ново на Сител
-

Утрово повторно нови дојави за бомби во основните и средните училишта во Тетово
-

Исчистен одронот на патот Катланово - Велес, сообраќајот нормализиран
-

Мајмунчето Панч, одбиено од мајката, најде утеха во плишана играчка и стана интернет сензација
-

Нордиски и балтички лидери во Киев по повод годишнината од руската инвазија
-

Раководителите на институциите на ЕУ изјавија дека ќе се погрижат Русија да сноси одговорност за војната во Украина
-

Кривична против пет лица, со фалсификувана исправа организирале сеча и транспорт на дрвна маса од државни парцели
-

Почнува процесот за враќање на солидарниот данок, компаниите дo УЈП треба да поднесат барање
-

Работни места што ќе исчезнат- и оние што ќе процветаат во 2026 година
