Ограниченото производство на ОПЕК ја одржува цената на нафтата
Најавите на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) дека одлуката за ограничено нафтено производство ќе остане во важност на подолг рок, ја одржува цената на енергенсот на ниво од минатата недела.
Дополнително на одржувањето на цената на нафтата влијаеше и најавата на некои од производителите на енергенсот за дополнителни мерки за намалување на нафтените резерви.
Цената на северноморската нафта вчера на затворањето на Лондонската берза изнесуваше 55.62 долари за барел, колку што енергенсот чинеше и во петокот вечерта, откако минатата недела поевтини за 1,38 долари.
Њујоршката берза вчера не работеше поради државен празник во САД, па американската „лесна“ нафта се продаваше по петочната цена од 49.53 долари за барел. Во текот на минатата недела цената на оваа нафта се намали за 1,5 долари.
Експертите проценуваат дека стравувањата на инвеститорите ги подгреваат најавите на прозводителите дека сегашното ниво на дневното производство на нафта би можело да продолжи и во 2018 година.
Генералниот секретар на ОПЕК, Мохамад Баркиндо во неделата соопшти дека во тек се консултации за продолжување на договорот за ограничување на нафтеното производство и по неговото истекување во март следната година.
Тој додаде дека очекува кон договорот за ограничено дневно производтсво на енергенсот да се приклучат и други земји производители на нафта, кои не се членки на ОПЕК.
Аналиитчарот Ханс ван Клиф од банката „АБН Амроа“ проценува дека тешко може да се предвиди движењето на цените на нафтата на подолог рок, бидејжи расположението на инвеститорите чесето се менува под влијание на различните информации до кои доаѓаат.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра