Оградување на Македонската Кик Бокс Маи Таи федерација од одржување на диви приватни турнири
Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија (КМФМ) и Дејан Митровски – Урко, како нејзин претседател и претседател на Балканската Кикбокс Федерација, ја информираат јавноста дека со едногласна одлука на Управниот одбор на КМФМ се оградуваат од кикбокс настанот кој ќе се одржи на 28.07.2023 година, на ракометното игралиште - „Женска плажа” во Струга, од причина што истиот ќе се одржи од клубови кои не се членови на КМФМ.
Со цел и во насока да се спречи одржување на настани кои се во спротивност на спортската етика, со официјален допис ја замоливме Агенцијата за млади и спорт и локалната самоуправа во Струга да потстапат според законот пропишан за одржување на овакви турнири и да дејствуваат за да се спречат “диви” настани кои не се од спортски карактер, преку нивно дејствување со спроведување на зачестени контроли за исполнување на услови за одржување на спортски турнири, изјавија од КМФМ.
Сметаат дека ваквите настани се организираат со единствена цел и мотив, остварување на профит. Тоа е настан од бизнис и забавен карактер, и истиот нема спортски и едукативен опус и се организира од неовластени лица со цел личен маркетинг и финансиска заработка.
Нагласуваме и ја информираме целокупната спортската јавност дека организацијата на овој настан не е дел од Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија и истиот се организира без дозвола од КМФМ за организирање на ваков настан, а ќе се организира од лица кои немаат регистрирани кикбокс клубови во КМФМ и немаат никаква функција во нашата федерација. Исто така, ја известуваме јавноста дека на овој настан нема да учествува ниту еден репрезентативец на КМФМ или регистриран натпреварувач од редовите федерацијата, велат од Кикбокс федерацијата на Македонија.
Ваквите натпревари го загрозуваат угледот и имиџот на кикбокс како спорт во Македонија, наспроти напорите на нашата КМФМ да дејствува во насока на едукација и развој на спортот и спортскиот дух.
Оттука, ги замоливме горенаведените институции да реагираат согласно нивните надлежност и овластувања, а медиумите да ја проследат нашата информација и медиумски да не поддржуваат вакви нелегални настани, изјави претседателот на КМФМ и на Балканската Кикбокс федерација, Дејан Митровски - Урко
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното