Македонија
29. November 2023 - 11:55

Оградата поставена покрај „Борис Трајковски“ падна при слетување на хеликоптер на МВР

фото: Skopje1mk

Падна заштитната ограда поставена околу спортската сала „Борис Трајковски“ при слетување на хеликоптерот на МВР.  Полициските службеници се мобилизираа за да ја вратат во првобитна состојба.

Хеликоптерот на МВР има повеќе места за слетување и е задолжен за безбедноста на учесниците, меѓу кои се рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Денеска ќе се завршат последните подготовки за Самитот, а од утре пристигнуваат и првите делегации. Скопје ќе биде под рестрикции, бидејќи дел од улиците и булеварите ќе бидат блокирани. Поради ова, децата нема да одат на училиште дел од деновите, а пак, јавната администрација е ослободена од работа.