Ограбени три цркви во Гостиварско
Три цркви во гостиварските села Церово, Ново Село и Сушица во текот на изминатата недела биле ограбени од непознат сторител. Грабежите вчера се пријавени во Полициската станица во Гостивар.
Во првиот случај е пријавено дека во временскиот период од 12. до 18 јули годинава во селото Церово непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 600 денари по што го напуштил местото на настанот.
Во период, пак, од 16. до 18 јули годинава непознат сторител со употреба на подесен предмет насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Јован“ во селото Ново Село од каде одзел 400 денари по што го напуштил местото на настанот.
Во гостиварското село Сушица во периодот од 13. до 18 јули годинава непознат сторител со употреба на физичка сила насилно ја отворил вратата од црквата „Св. Никола“ и одзел 5.000 денари и 100 грама злато во вид на букви по што го напуштил местото на настанот.
Од МВР информираат дека се превземаат мерки за расчистување на случаите.
Ново на Сител
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен слаб дожд
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Куба
-
Македонските ракометари поразени во Литванија
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново