Ограбени две цркви во Гостиварско
Непознати сторители извршиле тешки кражби во црквите „Свети Петар и Павле“ во Долна Бањица и „Свети Ѓорѓија“ во Здуње, Гостиварско, информираат од СВР Тетово.
- Крадците, најверојатно синоќа со насилно отварање на споредната влезна врата на храмот во Долна Бањица, влегле во бањичката црква и од местото за продажба на свеќи ги собрале парите кои биле оставени. Тие, исто така, ја отвориле и влезната врата од помошниот објект на црквата, но таму ништо не одзеле, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Јосифоски потврди дека, исто така, непознати сторители насилно провалиле и во црквата „Свети Ѓорѓија“ во селото Здуње. Најпрво го отстраниле катинарот од металната заштитна решетка, потоа ја скршиле цилиндер бравата на дрвената влезна врата и по пребарувањето на внaтрешноста на објектот од масичка за продажба на свеќи одзеле помал сума на пари.
Екипи на СВР Тетово извршиле комплетен увид, пронајдените траги се дадени на вештачење и се превземаат активности за расветлување на сите поединости и за откривање на сторителите.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети