Македонија
15. April 2019 - 15:40

Ограбена пекара во Тафталиџе

Рано утрово околу 03,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во пекара на ул.„Московска“ две лица извршиле кражба.

Според пријавеното, додека едното лице разгледувало што да купи, другото одзело пари од касата.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.