-->
-->
Ограбена обложувалница во гостиварското село Неготино
-->

Во Полициското одделение-Галате, синоќа во 22.25 часот, Е.Б.(40) од село Неготино, пријавил дека од страна на две непознати лица било извршено разбојништво во спортската обложувалница без име лоцирана во куќата на С.Д.(29) од село Неготино, а сопственост на Д.Н. од Скопје.
МВР денеска соопшти дека додека тој ја чистел обложувалницата влегле непознатите лица при што едно од нив врз главата на Е.Б. фрлил јакна, а потоа со употреба на физичка сила бил соборен на подот. За тоа време другото лице ја извадило фиоката и од неа одзело 155 евра и околу 90.000 денари. Потоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле правец на регионалниот пат село Добри дол-село Неготино, каде се качиле во возило непозната марка и заминале во непознат правец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
