Ограбена црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче

Полицијата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.П, од Скопје за извршена кражба во црквата „Св. Петар и Павле“ во село Горно Лисиче.
Како што наведуваат од МВР, пријавениот кривичното дело во црквата го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот при што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози во црквата одзел околу 3.000 денари по што го напуштил местото на настанот.
По превземените оперативни мерки утврден е идентитетот на сторителот - Б.П. кој што инаку е познат сторител на имотни деликти на подрачјето на Кисела Вода, за што досега осум пати е кривично пријавуван.
Вчера Б.П. е пронајден и лишен од слобода во ПС ОН Кисела Вода, каде со него бил извршен разговор, при што во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој што го извршил, наведуваат од МВР.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
