Македонија
20. October 2016 - 12:44

Ограбена црква во демирхисарско

Минатата ноќ во с.Вардино, демирхисарско, во црквата „Св.Никола“ непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот со употреба на алат и физичка сила ја отворил вратата, влегол внатре и од три дрвени каси одзел 30.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.