Македонија
23. September 2017 - 13:21

Ограбена црква во битолско Кравари

Вчера во точно неутврдено време во с.Кравари-Битола, на ул.„Гоце Делчев“, поточно во Храм „Пресвета Богородица“, непознат сторител извршил тешка кражба, на тој начин што со погоден алат делувал на катанецот од влезната врата, влегол внатре и од просторот каде се продавале свеќи од повеќе пластични чаши одзел ситни метални пари во најразлични монети со вкупна вредност од околу 8.000-9.000 денари, а потоа го напуштил лице местото.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.